10
33
20
Пандемијата на COVID-19 беше најсериозниот тест за нашиот здравствен систем. Во услови на најтешка светска криза, покажавме како треба да се работи и како може да се создаде огромна доверба кај граѓаните во здравствените работници и здравствениот систем. Голем дел од македонските граѓани се задоволни од начинот на кој се справуваше оваа криза – резултат кој никој не го забележал од нашата независност.
Воведовме навремени здравствени мерки, за заштита на здравјето на сите граѓани. Го зајакнавме капацитетот и координацијата на здравствениот систем преку изградба на монтажна болница, дигитализација на услуги, доопремување на клиниката за инфективни болести, прераспределба на здравствениот кадар, зголемување на капацитети за тестирање и навремена едукација на здравствените работници.
Здравствениот систем и вработените се подготвени за евентуален следен бран на корона-вирусот. Вложуваме 33 милиони евра во одделенијата за интензивна нега. Продолжуваме да вложуваме во јавното здравство.
Во наредниот период:
- Ја прошируваме позитивната листа на лекови, лековите на рецепт и натаму ќе бидат достапни за сите, секој ден од месецот, во секое населено место.
- Интервенцијата на брзата помош ја намалуваме на 10 минути во градски и 20 минути во рурални средини.
- Обезбедуваме трипати повеќе специјализации.
- Ќе продолжиме со вработувања на лекари и медицински сестри во јавното здравство кое веќе го зајакнавме со нови 780 лекари и 1000 медицински сестри.
- Со апликацијата „Здравје за сите“ ќе се скуси времето и „шетањето“ на пациентот од доктор до специјалист и аптека.
- Скопје добива нов клинички центар.
- Охрид, Тетово и Струмица добиваат модерни регионални здравствени центри.
- Ги реновираме влезовите и приемните одделенија на болниците.
- Воведуваме целосно електронско здравство, без користење на хартиени форми на документи.
Направивме многу. Можеме уште повеќе, уште подобро!

НОВА МАКЕДОНСКА ЕКОНОМИЈА
Новата македонска економија креира нови работни места за сите граѓани.



РЕД, ДИСЦИПЛИНА И ПРАВДА!
Судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам.

СИТЕ ЗА ЕКО ДРЖАВА!
Тројно повисоки казни за фабриките кои не ги исполнуваат еколошките стандарди.

pdf (1.2mb)