5%
ревизија
на судските
пресуди

20%
намалување на државната администрација

0
денари патни
трошоци за пратениците

Нема веќе одложување. Правосудството мора да се прочисти од корумпираните судии и обвинители. Не беше лесно, но конечно се создадени сите услови, сите стеги од заробената држава се отстранети. Законот за јавно обвинителство гарантира дека политиката не може да се меша во судските одлуки, а сите предмети за висока корупција мора да имаат судска разрешница. Судиите и обвинителите имаат обврски да испорачаат владеење на правото во кое законот е еднаков за сите. Нема веќе монтирани случаи, нема нови жртви на режим.

Следува прочистување во правосудството!

  • Судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам.
  • Започнува детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители.
  • Темелна ревизија на 5% од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор.

Ред и дисциплина во сите институции!

Тие што во име на граѓаните водат институции, мора да се отчетни, транспарентни и чесни.

  • Воведуваме законска обврска за јавна објава на сите службени трошоци на сите функционери во извршната, локалната и судската власт.
  • Санкции за раководители кај кои е утврдено нечесно работење.

 

Корупцијата е непријател на граѓаните и на институциите, потребна е заедничка борба.

  • Награди за граѓаните чии пријави за корупција ќе резултираат со наоди и отворање случаи.
  • Електронско следење на предметите што произлегуваат од претставки за корупција.

Гласот на граѓаните мора да се слуша.

  • Секоја државна институција ќе воведе отворен ден за граѓаните, најмалку четирипати годишно.
  • Казна за неодговорено, а основано барање.
  • Воведуваме електронски петиции. Институциите мора да постапуваат кога ќе се здружи граѓанскиот глас.

Администрацијата мора да им служи, а не да им биде товар на граѓаните.

  • Ја намалуваме администрацијата за 20%. Во администрација ќе работат тие што се подготвени да им служат на граѓаните. За другите секогаш има место во приватниот сектор што бара работник повеќе.

Ги укинуваме патните трошоци за пратениците во Собранието.

  • Системот на патни трошоци покажа можност за злоупотреби и сериозно ја намали довербата на граѓаните во своите претставници. Тоа мора да го промениме и, очигледно, на оваа тема политиката на постепени промени не го даде посакуваниот резултат. Затоа, системот ќе го промениме од корен. Ниту еден пратеник нема да добива патни трошоци за патување од Скопје до дома. Собранието ќе обезбеди станови од околу 50 м2 за секој пратеник да може да остане во главниот град во текот на неделата.

Направивме многу. Можеме уште повеќе, уште подобро!