600
милиони евра за домашни и странски инвестиции

200
милиони евра годишно за земјоделство и рурален развој

10700
денари
минимална
пензија

3%
годишно
пад на невработеноста

260 км
изградба
на автопати

40%
раст на минималната плата

до 15000
евра за млади
и жени за сопствени бизниси

950 км
изградба
на локални
патишта

300 км
изградба
на експресни
патишта

СДСМ успеа за неполни три години да ја извади државата од финансискиот пустош во којшто беше оставена. Ја развиваме економијата во време кога се обезбедуваше слободата во општеството и кога се решаваа клучните стратешки прашања за државата.  Економијата порасна додека градевме систем и додека решававме тешки генерациски прашања.

Пораст на економијата имаше и во услови на глобалната пандемија. Успешно се справивме и со економските ефекти на корона-кризата. Само неколку дена по прогласување на пандемијата го донесовме првиот сет економски мерки за најпогодените сектори од кризата со корона-вирусот. Веднаш потоа следуваа уште два сета економски мерки и капитални инвестиции во јавната потрошувачка со вредност од 1,1 милијарди евра, што е речиси 10% од домашниот бруто-производ. Се бориме за секое работно место, за секоја компанија. Прогнозите на Светска банка потврдуваат дека нашата земја најдобро ќе се справи со економскиот удар на кризата предизвикана од корона-вирусот, од сите земји во регионот.

Се одлучивме за брза трансформација и зголемување на конкурентноста на македонската економија. Со економските мерки ги зачувуваме работните места на нашите граѓани, креираме и нови. Целосно сме фокусирани на нашата главна цел – намалување на невработеноста и зголемувањето на минималната и просечната плата. Подобар стандард за сите граѓани.

Во новиот мандат уште повеќе ги поддржуваме домашните фирми, а со членството во НАТО носиме рекорден број странски инвестиции. 

  • До крајот на мандатот ќе ја вратиме нашата економија на солиден и одржлив раст од 4%.
  • Креираме нови работни мести преку брза трансформација на македонската економија.
  • Износ на странски инвестиции од најмалку една милијарда евра за 4 години, засновани на иновации, висок степен на финализација на производи и услуги и одржливост на бизнисите.
  • За 4 години, 2,2 милијарди евра јавни инвестиции и 1,2 милијарди евра директни приватни инвестиции.
  • Поддршка за домашни и странски инвестиции во износ од 600 милиони евра: 300 милиони од домашни средства и дополнителни 300 милиони евра од европските фондови што се отвораат.
  • Додека трае кризата, се обврзуваме да ја задржиме минималната плата во висина од 14.500 денари а по завршувањето на кризата, СДСМ ќе обезбеди раст на минимална плата до 40% до крајот на мандатот,
  • Просечната плата до крајот на мандатот ќе порасне до 30%.
  • Продолжуваме да ги штитиме работните места, а по завршувањето на кризата и до крајот на мандатот ќе продолжиме да ја намалуваме невработеноста на ниво од 3% годишно, како што тоа го правевме и во изминатите три години. Нашата цел, по крајот на кризата, ќе биде едноцифрена невработеност.
  • Вложуваме нови 2 милијарди денари во активните мерки за поддршка на вработувањето и самовработувањето.
  • Субвенции за придонеси за сите компании што ќе ги зголемат платите од 600 до 6.000 денари по вработен.
  • Ќе продолжат да растат платите во образованието и здравството.
  • До 2023 година персоналниот данок во ИТ индустријата го намалуваме до 0%.
  • Субвенционирање од 49% на обуки за преквалификација и неформално образование.
  • Целосен поврат на персоналниот данок за обука, дообука и преквалификација.
  • Неповратни средства од 5.000 до 15.000 евра за млади и жени за отворање сопствени бизниси во кои државата го презема поголемиот дел од ризикот при евентуален неуспех.
  • Развиваме модел во кој Република Северна Македонија е регионален старт-ап и истражувачки центар
  • Поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две години. Парите ќе одат директно на сметките на младите.
  • Нова повисока минимална пензија од најмалку 10.700 денари за сите и годишно усогласување на пензиите со трошоците на живот.
  • Годишна финансиска поддршка од 200 милиони евра за земјоделството и руралниот развој. 
  • Бесплатна „зелена“ нафта до 2024 за сите земјоделци. 
  • Двојно повеќе пари за поврат на персоналниот данок за земјоделците. 
  • 20% годишно зголемување на поддршката на жените-земјоделки. 
  • Бесплатна обука на фармери за поефикасно искористување на средствата од ИПАРД. 
  • Изградба на 260 км автопати. Изградба на 300 км експресни патишта. Изградба на 950 км локални патишта. Рехабилитација на 1500 км постоечки патни правци. 
  • Изградба на нови 500 километри водоводи и канализации, за што ќе обезбедиме 100 милиони евра за сите општини во Република Северна Македонија.

Направивме многу. Можеме уште повеќе, уште подобро!