34000
домаќинства ќе примаат гарантирана минимална помош

15%
повисоки
додатоци за попреченост

7500
нови места
за деца
во градинките

Покажавме дека македонското општество и нашите граѓани може да бидат и солидарни и грижливи. Покажавмe дека може да се помогне на секоја индивидуа или заедница на која тоа ѝ е потребно. Сите оние коишто се погодени од корона-кризата добиваат институционална и солидарна помош. Направивме пресврт и разлика, од општество во кое се гази врз достоинството на луѓето, станавме општество во кое се помага на сиромашните и ранливите, држава која се стреми сите да имаат и да уживаат еднакви права. Го скршивме синџирот на сиромаштијата. Се грижиме за здравјето, вложуваме во младите!

Социјалната помош продолжува да расте!

Целта ни е 34.000 домаќинства да примаат гарантирана минимална помош, а 65.000 деца да примаат детски додаток. Изградба на 777 социјални станови за период од 2020 до 2022 година во Скопје, Пехчево, Виница, Свети Николе, Велес, Гевгелија, Дебар, Сарај, Демир Капија, Штип, Прилеп и Кочани. Го гарантираме правото на домување за време на кризата предизвикана од корона-вирусот преку превенција на насилното иселување од домовите поради извршни наплати или активирани хипотеки на лицата кои претрпеле финансиски штети.

Надминување на пречките!

Додатоците за попреченост ги зголемуваме за 15% во 2021 година. До 2024 нема да има ниту една непристапнa јавна институција за лицата со посебни потреби.

Трудот да се цени и да се плати!

Строга контрола на работното време и на работничките права. Недела ‒ неработен ден за сите што сакаат да бидат со своите семејства.

50/50!

Еднакви права за жените и мажите. Еднакви плати за жените и мажите. Еднакви обврски за жените и мажите. 

Ќе го намалиме данокот на додадена вредност на производите за менструална хигиена (влошки и тампони) од 18%
на 5%

Вложуваме во најмладите и во образованието

Нови 7500 места за деца во градинките, кои ќе бидат инклузивни и енергетски ефикасни.

Бесплатна градинка за сите деца од семејства со ниски приходи!

Поврзување на сите основни училишта со ултра брз интернет, интерактивни училници, дигитализација и трансформација на наставната програма.

По примерот на студентскиот дом „Гоце Делчев“, до 2024 година ќе ги реконструираме сите студентски домови и двојно ќе го подобриме квалитетот на исхраната.

Воведуваме задолжителен здрав оброк со овошје и зеленчук во сите основни и средни училишта.

Отвораме младински центри во сите 80 општини во државата.

Преку младински финансиски додаток и преку промоција на дуално средно стручно образование, им отвораме врати на младите да работат во производство, таму каде што има реална потреба.

Воведуваме медиумска писменост во училиштата.

Направивме многу. Можеме уште повеќе, уште подобро!