80%
од поглавјата за интеграција во ЕУ ќе бидат отворени

2
милијарди евра
од европските фондови

6
нови
гранични
премини

Нашата национална безбедност и сигурност никогаш не биле на повисоко ниво. Сега сме членка на најмоќниот сојуз на светот ‒ НАТО. Никогаш повеќе нема да сме сами и незаштитени. Тоа значи сигурна иднина за сите нас и за сите наши деца и гарантиран брз економски развој. Нови инвестиции, нови работни места и повисоки плати за сите.

Членството во НАТО е влезна карта за ЕУ.

Почнуваме преговори, ја европеизираме земјата!

До 2024 ќе отвориме 80% од поглавјата за интеграција во ЕУ.

Од европските фондови обезбедуваме 2,5 милијарди евра за Северна Македонија. Повеќе пари за справување со корона-кризата, за новата македонска економија, за зелена агенда, енергија, конкурентност, капитални инвестиции, земјоделство, канализации, патишта, водовод. Европски пари за европски стандарди дома.

Европски пари за развој на Преспа.

Ја модернизираме Армијата по светски стандарди. Добиваме пристап до пазар од 4 милијарди евра.

Направивме многу. Можеме уште повеќе, уште подобро!