60000
бесплатни еко инвертери за домаќинства

100
милиони евра субвенции за индустриски филтри

3
пати
повеќе
еко инспектори

Ги ангажираме сите капацитети, градиме екодржава. Сите институции, сите државни службеници, сите студенти и ученици, сите граѓани, сите се вклучуваме во чистење на татковината. Заедно се грижиме за заедничкиот воздух, за водите, за почвите.

Стрoга контрола и високи казни за загадувачите!

Комунална полиција во секоја општина и 24-часовен надзор на инспекциските служби. Тројно повеќе екоинспектори. Тројно повисоки казни за фабриките кои не ги исполнуваат еколошките стандарди. Двојно повисоки казни за граѓаните што загадуваат. Ригорозна контрола на центрите за технички сервис на возила. Дронска контрола за да се спречува создавање нови диви депонии или палење на депонии и стрништа.

 Еко домаќинства и екофабрики!

60.000 домаќинства во следните четири години ќе добијат бесплатен екоинвертер за да престанат со употребата на фосилни горива. 100 милиони евра субвенции во следните четири години за филтри на индустриски капацитети. Субвенции за, соларни панели, приклучување на централно греење и за набавка на филтри на оџаците на домаќинствата. Гасот го носиме до домовите. Го укинуваме данокот за увоз на електрични и хидрогенски возила.

Институции што не загадуваат!

Сите државни институции ќе се поврзат на чисти извори нa топлинска енергија до 2022 година. Етапна замена на возниот парк на институциите со ековозила.

Сите сме одговорни за животната средина!

Воведуваме задолжителни часови по хигиена во основното образование.

Воведуваме задолжително сепарирање на отпадот за домаќинствата.

Ја укинуваме употребата на пластични кеси и пластични цевки.

Масовни акции за чистење и пошумување со ангажирање на институциите и граѓаните.

Направивме многу. Можеме уште повеќе, уште подобро!