„Можеме“ е најголемата, најразноликата и најсилната коалиција која е апсолутен фаворит на изборите.
За насСДСМ ја предводи најголемата, најразнолика и најсилна коалиција составена од 25 политички партии која е апсолутен фаворит на изборите. За првпат имаме целосно мултиетничка коалиција, а 60% од нашите кандидати се жени. 120 имиња на одговорни и угледни граѓанки и граѓани спремни, да се вклучат во процесот на позитивните промени. Спремни да работат за доброто на граѓаните и државата. Сега е време за нови иницијативи на кои се обрзуваме пред граѓаните и пред себеси. Ова е повик до секоја заедница, група и индивидуа да учествува во новата иницијатива бидејќи знаеме дека заедно можеме да постигнеме уште повеќе и уште подобро.